Бред Пит откри интимна тајна: „Никогаш не сум имал геј искуство – тоа некако го пропуштив!“
Бред Пит откри интимна тајна: „Никогаш не сум имал геј искуство – тоа некако го пропуштив!“

Холивудскиот секс-симбол Бред Пит (61) повторно ги разбранува медиумите со својата искреност! Гостувајќи во поткастот „Армчаир Еxперт“ со Декс Шепард, Пит изненади со хумористичен, но и личен коментар за својата сексуалност.
„Знаете, никогаш не сум имал геј искуство. Некако тоа го пропуштив… но ако го имав, немаше да бидете вие“, му рече Пит на Шепард, оставајќи го водителот и публиката во смеа.
Во типичен холивудски стил, разговорот продолжи со шеги:
„Можеби би бил твоето 14-то или 15-то искуство“, додаде актерот, а Шепард возврати:
„Ќе мора добро да се подготвиш. Почни со полесни опции!“
Пит зборуваше и за потешките моменти од својот живот – посебно за годините по разводот со Анџелина Џоли. Призна дека се борел со алкохолизмот и активно посетувал состаноци на Анонимни алкохоличари година и пол.
„На почетокот бев исплашен, но слушајќи ги другите, најдов сила да зборувам“, рече тој.
Со шарм, зрелост и отвореност, Пит повторно покажува зошто останува една од најфасцинантните ѕвезди на Холивуд – не само поради изгледот, туку и поради искреноста.
Бонус видео:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!