Моментот кога рок легендата Џон Бон Џови спасува жена од работ на мост! (ВИДЕО)
Моментот кога рок легендата Џон Бон Џови спасува жена од работ на мост! (ВИДЕО)
Американската рок ѕвезда Џон Бон Џови е снимен во моментот кога се обидува да убеди жена во очај да се повлече од работ на мостот во Нешвил. Додека снимал видео запис за песната на неговиот бенд „Тхе Пеопле’с Хоусе“ на пешачкиот мост, Бон Џови забележал жена која стоела од другата страна на заштитната ограда.

На снимките од надзорната камера, кои ги објави локалната полиција, се гледа фронтменот на бендот Бон Јови како заедно со една членка од неговиот тим ѝ приоѓа на вознемирената жена. Бон Џови се потпрел на оградата и започнал разговор со неа, охрабрувајќи ја да се врати на безбедно место. Откако ѝ помогнал да се искачи назад преку оградата, ја прегрнал, а потоа останале заедно уште неколку моменти пред да се повлечат по мостот.
Тхис ис тхе момент Роcк легенд Јон Бон Јови ресcуес а wоман фром степпинг офф тхе едге оф а бридге ин Нашвилле
— Сcиенcе гирл (@гунснросесгирл3) Јулy 24, 2025
Полицијата изрази благодарност
Полицијата на Метрополитен Нешвил го сподели видеото на својот Јутјуб канал, нагласувајќи дека пејачот ѝ помогнал на „очајната жена“ во клучен момент.
„Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што интервенираа и ѝ помогнаа на жената на пешачкиот мост Сајгенталер во вторникот вечерта. Бон Џови успеа да ја убеди да се повлече од платформата на мостот над реката Камберленд и да се врати на безбедно,“ соопшти полицијата.
Инаку, фондацијата на Бон Џови – ЈБЈ Соул – обезбедува поддршка за бездомници и лица кои живеат во сиромаштија. Пејачот има завршено и специјализирана обука за комуникација со лица кои се наоѓаат во кризни и опасни психолошки состојби.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв-мк.дјм-про.рс!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.