Background adbanner
calendar

Четврток 25. Декември, 2025

aktuelno ikonica Aktuelno
ТАЖНА ВЕСТ: Почина Зоран Петковски – човекот кој и го подари срцето на македонската кошарка. Саша Ковачевиќ ја запроси својата девојка! ВЕЧЕРВА СЕ ПОМЕСТУВА ЧАСОВНИКОТ, ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГО ОВОЈ ПИЈАЛОК! Психолозите испратија ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! По спектакуларната кражба – Лувр го префрли највредниот накит во Банката на Франција! Австралиец стана татко на 93-годишна возраст. ,,Кога е се*с во прашање сакам да ме доминираат” – Моника Станојкова без влакна на јазикот! Оваа болест се пренесува од татко на ќерка! Британски папагал кој исчезнал пред четири години се вратил дома, и зборува шпански! Јанг Дади со нова песна „Писмо” – нежен пресврт и нова музичка ера за Давид! Лара со нов хит „Доминантен” – свеж звук и впечатлив спот кој освојува од прво слушање! Амазон планира да замени 600.000 работници во САД со роботи! ТЕОДОРА ВЛОЖИЛА 200.000 ЕВРА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СТАНОТ?! Го платила двојно поскапо – од каде и толку пари?! Антониа Гиговска блесна на Макфест – Македонската Лејди Гага освои со стил и харизма. Ослабете без диета: Научниците открија мала промена во исхраната што прави голема разлика! Хороскоп за денес – Ден исполнет со емоции, хармонија и нова енергија! Дожд или сончеви периоди, еве какво време не очекува денеска.

Почина Соња Каранџулоска – театарската дива која ја обележа македонската сцена!

Обjавено од: RHT
26/05/2025 10:00 ПМ


Почина Соња Каранџулоска – театарската дива која ја обележа македонската сцена!

 

Македонскиот театар ја загуби една од своите најголеми ѕвезди. На 77-годишна возраст почина Соња Каранџулоска – актерка која со децении го обликуваше театарскиот живот во земјава и остави неизбришлив траг во културната историја.

Веста за нејзината смрт беше објавена од страна на Македонскиот народен театар (МНТ), институција со која беше тесно поврзана цели четири децении.

„Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина нашата колешка, актерката Соња Каранџулоска (1948 – 2025)“, стои во соопштението од МНТ.

Соња Каранџулоска

фото:принтскрин/мит.мк

Каранџулоска дипломираше на првата генерација на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во класата на проф. Илија Милчин. Во Македонскиот народен театар се вработи во 1974 година, а активно играше на сцената сè до своето пензионирање во 2014 година.

Нејзината прва улога во МНТ беше Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), а потоа следеа незаборавни изведби како Ангелина во „Потоп“, Лиза Дроздова во „Бесови“, Анка во „Госпоѓа министерка“, и Марија Луиса-Балванера во „Еригон“.

Особено се издвојува нејзината монодрама „Клитемнестра“, која премиерно беше изведена во 2002 година. Претставата беше дел од неколку фестивали и останува запаметена како врв на нејзината актерска зрелост, дисциплина и креативна длабочина.

Соња Каранџулоска не се задржа само на театарската сцена – играше и во бројни телевизиски филмови и серии, меѓу кои: „Време води“, „Новогодишен карусел“, „Томе од бензиската пумпа“, „Година на мајмунот“ и популарната серија „Преспав“. Публиката ја памети и од култните „Македонски народни приказни“.

Македонскиот народен театар, нејзините колеги и генерации актери и љубители на театарот се простуваат од Соња Каранџулоска со неизмерна благодарност и тага.

Вечна ѝ слава и благодарност за уметноста што ја создаде и остави зад себе.

Бонус видео:

 

ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!

СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА  YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК  ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЗАБРАНЕТО Е ПРЕЗЕМАНJЕ БЕЗ НАВЕДУВАНJЕ НА ИЗВОР И АВТОР

СЛЕДЕТЕ НЕ

ТЕЛЕВИЗИJАТА ХYПЕ Е ДОСТАПНА ЗА КОРИСНИCИТЕ НА МТЕЛ МОВЕ ТВ НА ПОЗИCИJАТА 62 И ПОЗИCИJАТА 77 ЗА КОРИСНИCИТЕ НА М:САТ ТВ. ВО СРБИJА, ТЕЛЕВИЗИJАТА ХYПЕ Е ДОСТАПНА ЗА КОРИСНИCИ НА МТС ИРИС ТВ, М:САТ ТВ НА ПОЗИCИИТЕ 146 И 295 И БРОJ 46 ЗА КОРИСНИCИ НА СУПЕРНОВА КАБЕЛСКА ТВ, КАКО И НА АПЛИКАCИJАТА АРЕНА CЛОУД. ХАJП ТЕЛЕВИЗИJАТА Е ДОСТАПНА ВО CРНА ГОРА ЗА КОРИСНИCИТЕ НА КАБЕЛСКАТА МРЕЖА НА КАНАЛ 173 И М:СЕТ НА ПОЗИCИJАТА 54. ВО БОСНА И ХЕРCЕГОВИНА ХYПЕ ТЕЛЕВИЗИJАТА Е ДВЕВЕСКАТА ТЕЛЕВИЗИJА, ДОСТАПНА: КАКО ИПТВ НА КАНАЛ 606.
ТЕЛЕВИЗИJАТА ХYПЕ 2 Е ДОСТАПНА ЗА КОРИСНИCИТЕ НА МТЕЛ МОВЕ ТВ - ПОЗИCИJА 46 И ПОЗИCИJА 76 ЗА КОРИСНИCИТЕ НА М:САТ ТВ. ВО СРБИJА, ТЕЛЕВИЗИJАТА ХYПЕ 2 Е ДОСТАПНА ЗА КОРИСНИCИТЕ НА МТС ИРИС ТВ НА КАНАЛ 604, КАКО И НА БРОJ 702 ЗА КОРИСНИCИТЕ НА СУПЕРНОВА КАБЕЛСКА ТЕЛЕВИЗИJА. ВО БОСНА И ХЕРCЕГОВИНА ХYПЕ 2 ТЕЛЕВИЗИJАТА Е ДОСТАПНА ЗА КОРИСНИCИТЕ НА М:СЕТ МРЕЖАТА
Background adbanner